Во текот на вчерашниот ден, односно во периодот од 10:00 до 16:00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 65 прекршување на брзината, од кои по 18 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Валандово и 13 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 40 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 25 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.