Вчера во периодот од 14:00 до 19:00 часот на подрачјето што го покрива Секторот за внатрешни работи – Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани, стои во денешното известување од СВР Струмица.