сабота, 7 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски

вторник, 26 септември, 2023 | 16:21
in Вести, Струмица

По вчерашната прес конференција на претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски денеска на прес конференција реагираше и советникот Ѓорги Танушев.

Интегрален текст од прес конференцијата:

По однос на вчерашното јавно обраќање на Претседателот на Советот на Општина Струмица, господинот Марјан Даскаловски, чувствувам морална одговорност кон граѓаните да ги разјаснам дилемите и околностите кои веќе повеќе месеци предизвикуваат немир и конфузија.

Најпрво, гледам дека, на некои искусни функционери не им е јасно, па еве да појаснам дека сите програми не ги пишуваат советниците, туку општинската администрација, а советниците ги гласаат или не ги гласаат. Јас, како Претседател на Комисијата за еднакви можности во декември 2022, не ја пишував програмата, но ја гледав дали одговара на механизмите на Законот за еднакви можности и усогласеност со буџетот, како и генерално состојбата на општината во сферата на еднаквите можности. Факт е дека треба обуки за буџетирање, факт е дека програмите воопшто се штури и воопштени без потребно ниво на транспарентност и всушност, јас тоа и го нотирав при усвојување на буџетот за 2023, како и на завршната сметка за 2022 година. Конкретно, Програмата за еднакви можности беше гласана од сите советници едногласно и немаше никакви забелешки во поглед на терминологијата, затоа што тогаш уште не бевме свесни како советници, но и целата јавност за проблемите кои ќе произлезат од обидот за перфидно наметнување на нов закон.

Конкретно, да појаснам, дека, проблемите настанаа во март и тоа не за механизмите на имплементација на Програмата за еднакви можности согласно Законот за еднакви можности, туку единствено поради ново-говорот односно терминологијата што со години се користела, но во сосема поинаква конотација. Имено, јасно се виде што по ново, се подразбира под терминот род сите придавки изведени од род, па може слободно да се каже дека практично целата конфузија настана со предложениот нов Закон за родова еднаквост наместо актуелниот Закон за еднакви можности за мажите и жените, како и измените на Законот за матична евиденција. Факт е, дека, граѓаните се доведени во заблуда со внесувањето и користењето на термините поврзани со родова еднаквост и за тоа целата македонска јавност е свесна. Ова не е од вчера, на ова се работело со години, се работело со парцијални суптилни измени на терминологија, со кадровски решенија по министерства и институции, со еден сегмент од невладини организации, пред се од Скопје.

Ги потсетувам Струмичани, дека, почнувајќи од март, после трибината одржана на тема родова еднаквост од Викарниот Епископ Јаков Стобиски, сите ние колективно и индивидуално, бевме прозивани и навредувани, почнувајќи од градоначалник, советници, општинска администрација, локални организации и институции па се до индивидуални граѓани, само заради нашето присуство на трибината. Па имаше обиди за медиумско замолчување, имаше закани за прекинување на проекти, од кои некои и се реализираа, имаше индивидуални прозивки и бркање од национални мрежи поради присуство на трибини или поради поставени прашања до министерката Јована Тренчевска на јавни трибини, едноставно имаше мобилизација на дел од скопските невладини организации во дослух со одредени државни институции против секакво изразување на став и слободно мислење на граѓаните и претставниците на локалната самоуправа. Тогаш почна хајката, а не во месец мај како што тврди претседателот Даскаловски, само што тој тогаш ова не го гледаше или не го интересираше, па без никаква реакција ги остави градоначалникот, советниците и граѓаните да се бранат како знаат и умеат.

Затоа, кога станав свесен за проблемот и видов што се случува, јас презедов конкретна иницијатива и предложив предлог за измени на Програмата за еднакви можности, која беше и е во согласност со Законот за еднакви можности, затоа што во сите дефиниции на законот, кои се наведени во член 4 алинеи од 1 до 9, во самиот старт се дефинирани исклучиво по однос на терминот ПОЛ, а не по терминот РОД. Доволно е да го отворите законот и да ги прочитате дефинициите. Тука нема некоја посебна античка филозофија и не мора да сте правник, како почитуваниот претседател Даскаловски, зошто во иницијалниот предлог за измена беше точно назначен ПОЛ наместо РОД.

Второ, јас останав на се што имам кажано до сега и затоа не ја повлеков предлог точката од дневен ред, иако имав притисоци да го направам тоа, и тоа е она за што зборува Претседателот Даскаловски. Мојот предлог не помина и беше одбиен под чуден притисок во последен момент, затоа што еден ден пред седницата имавме Комисија, на која едногласно беше поддржан од сите советници, вклучително и советниците на Претседателот Даскаловски. Понатаму, на седницата можевте да слушнете како се расправавме и како се случи промената на расположението кај советниците на Претседателот Даскаловски и се читаше Википедија наместо законот. Сепак, иако мојата точка беше одбиена, се прифати друга точка со која требаше да се провери и усогласи Програмата согласно актуелниот Закон за еднакви можности. И еве, после неколку месеци одлагање се случи и тоа, па минатата недела се состанавме два пати и на крај сите заеднички одлучивме да ги исфрлиме и замениме сите термини поврзани со РОД и со тоа ја изменивме и усогласивме Програмата за еднакви можности согласно формулациите во Законот за еднакви можности.

Е сега, како што спомнав претходно, во Законот за еднакви можности има само дефиниции поврзани со ПОЛ, нема РОД и фактички она што утре ќе го изгласаме ефективно ќе биде ИСТОТО. Зошто велам ИСТО? Затоа што, како што иницијално го предлагав да биде директно ПОЛ, овој пат ќе биде индиректно и со цитирани формулации од законот и ќе посочува повторно на ПОЛ. Ова беше заеднички компромис прифатен од сите и очекувам така да остане на утрешната седница. Се надевам дека Претседателот Даскаловски нема да се предомисли повторно и да се случи измената на Програмата да не се изгласа. Од моја страна, јас сум задоволен од досегашниот исход, зошто сепак родовите термини дефакто се исфрлени, на ист начин како што едногласно беа исфрлени од Стратегијата за млади на предлог на советникот Владимир Ристов и од номенклатурата на програмите на Буџетот на општина Струмица на предлог на градоначалникот Костадин Костадинов.

Трето, јас навистина жалам што Претседателот Даскаловски и дел од колегите советници предизвикаа револт кај граѓаните и се најдоа на удар на јавноста со нивните постапки кои јавноста ги виде на снимките, но префрлањето на вината врз мене е сосема несоодветно и трагикомично. Особено затоа што јас се обидував да објаснам, зошто се потребни промените на програмата што утре ќе ги гласаме. Сето ова не мораше така да ескалира, доколку имаше разбирање за аргументите. Жалам што од вчерашното јавно обраќање на Претседателот Даскаловски се гледа, дека, сепак не му се јасни работите и покрај тоа што утре ќе ги гласа промените на Програмата, сепак не ја разбира суштината и потребата, но и очигледно ги скокнал дефинициите во Законот за еднакви можности па повторно се вплеткува во кашата што непотребно тој самиот ја направи.

Исто така целосно го демантирам, дека, наводно на Комисијата сите заеднички сме утврдиле дека тој бил во право, напротив, заеднички утврдивме компромис со кој родовите термини се исфрлени, а тоа е сосема спротивно на залагањата на Даскаловски и една ваква манипулација е неприфатлива за еден Претседател на совет. Од моја страна, стојам на располагање за се што е потребно за работите да му се разјаснат и веројатно ќе имаме интересна дискусија утре на совет. Ве повикувам да ја следите седницата и ви посочувам да го прочитате Законот за еднакви можности на мажи и жени, за да можете самите да си донесете одлука колку е веродостојно она што јас и Претседателот Даскаловски јавно го изнесуваме.

ShareTweetShare
Previous Post

Приведени крадци во Струмица, кај нив пронајдени украдени предмети

Next Post

Денеска е Крстовден, Воздвижение на светиот Крст – строг пост

Related Posts

На две градилишта во Струмица откриени 13 турски државјани кои вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола
Вести

На две градилишта во Струмица откриени 13 турски државјани кои вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола

четврток, 5 јуни, 2025 | 13:27
Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“
Вести

Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“

среда, 4 јуни, 2025 | 23:49
Поради сообраќајка патниот правец Струмица – Радовиш се одвива наизменично
Вести

Во прекин е сообраќајот на патниот правец Струмица – Валандово

среда, 4 јуни, 2025 | 10:08
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Вести

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

вторник, 3 јуни, 2025 | 19:43
„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани
Вести

„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани

вторник, 3 јуни, 2025 | 11:27
Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Вести

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија

вторник, 3 јуни, 2025 | 08:51

ТОП ВЕСТИ

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“
Младиот Лука Г. Костов вечерва ќе ја промовира својата прва книга „Филигран од мастило“
КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist