Синоќа по полноќ полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во два угостителски објект било констатирано присуство на малолетници после 24:00 часот. По документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од струмичката полиција.