недела, 14 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

И пак пред Нова година се распееја „Распеаните струмичани“ – публиката уживаше, пееше со нив и ракоплескаа

петок, 13 декември, 2024 | 08:47
in Вести, Струмица
И пак пред Нова година се распееја „Распеаните струмичани“ – публиката уживаше, пееше со нив и ракоплескаа

Колку убаво звучеа дамите и господата на еден од најстарите ансамбли во Македонија – вокално инструменталниот состав „Распеани Струмичани“, усогласени како еден глас со свирката на инструменталистите предводени од Слободан Ѓошиќ. Најубавите македонски староградски песни во нивна изведба во живо звучеа толку прекрасно што публиката, која безмалку ја наполни целата сала, со громогласните аплузи по секоја песна се радуваа на убавиот наш фолклор, а на моменти и си потпевнуваше со нив.

Традиционален Годишен концерт на „Распеани Струмичани“, на кој со звуците на „струмичката химна“ – „Под кулите на Струмица“ членовите еден по друг се појавија на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица и го започнаа 90-минутното музичкото уживање. Но, не ја запееја тие, туку водителот Ѓорги Калајџиев им ја запеа на публиката. Тие започнаа со една многу стара песна која ја пеел првиот состав на овој ансамбл, уште пред 50-тина години, песната која ја преработија „Емин Ага иде од Дабиље“ и ќе биде дел од нивниот репертоар на сите нивни настапи. Публиката уживаше и во песните „Моме цвеќе береше“, „Во Кукуш ќе одам“, „Тамбура ми дрнка“, „Се посврши сербез Донка“, „Стојне ле Стојне стапни ми на нога“, „Праша ли Тинке мајка ти“ и уште многу други, а концертот го завршија со дуетската песна на Гоце Арнаудов со Блага Петреска, новосоздадената „Пејам да не заплачам“, во нивна преработена изведба.

На концертот како гости беа и домаќините, новоформираниот Октет „Струмица“, машки вокали кои се дел од „Распеани Струмичани“, а претходно својата промоција ја имаа на свечената седница на Советот на општина Струмица по повод патрониот празник на градот – 11 декември. Тие ги отпееја песните „Марије дилбер Марије“ и „Болен ми лежи Миле Поп-Јорданов“. На гости на сцената им беа и играорците на КУД „Браќа Минкови“ од Куклиш, а свој настап имаше и Гиго Вета.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Новогодишната бајка во Струмица почна – светна празничното украсување на градот

Next Post

Фатен крадец – извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица

Related Posts

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21
ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати
Вести

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати

петок, 12 септември, 2025 | 20:16

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist