Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека и денеска поради продолжување со работа на отстранување дефект на водоводна мрежа без вода се корисниците во Индустриска зона Север, Добрејци, Просениково, дел од станбените објекти на улицата „Ленинова“ и индустрискиот дел на ЈПКД „Комуналец“. Поради сложеноста на работата не може да се потврди до колку часот ќе останат без водоснабдување, велат од „Комуалец“.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	


















 
								