Ако сте жител на општината Босилово соберете 30 пластични шишиња и донесете ги на пунктовите на 7 април, а во замена ќе добиете овошна садница по избор.
Општина Босилово и годинава ќе ја спроведе акцијата „Овошно дрвце за пластични шишиња“, преку која сака да ја намали количината на пластичен отпад во општината и да се испрати порака до жителите дека пластиката треба да се селектира и да се депонира, односно транспортира на соодветно место.
Акцијата ќе се спроведе во петок, 7 април од 10:30 до 12:00 часот во училишните дворови во секое населено место на територијата на општина Босилово, а освен таму ќе бидат поставени и дополнителни пунктови во Босилово кај Стара чешма и во Моноспитово, кај продавницата на Масон и Баска.
Од Општина Босилово пораката: „За доброто на сите нас, бидете дел од акцијата на 7 април“…