ЈПКД „Комуналец“ од Струмица вечерва организираше Ифтарска вечера за своите вработени од исламска вероисповед во кругот на комуналното претпријатие во чест на Светиот месец Рамазан.
На вечерата присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски со дел од членовите на Советот.
Директорот на „Комуналец“, Љупче Љачев ги поздрави вработените им посака на здравје постот и во радост и мир да го дочекаат големиот празник Рамазан Бајрам.
„Заедно во исполнувањето на работните задачи, но заедно и во почитувањето на традициите и славењето на празниците“, кажа Љачев.
Ифтарската вечера се организира по втор пат во претпријатието и се покажа како одлична идеја да се сподели радоста за претстојниот голем празник Рамазан Бајрам.