На социјалните мрежи се шири апел за пронаоѓање на струмичанец, исчезнат од вчера околу 14:00 часот.
Роберт Дрвошанов, 39-годишен жител на Струмица е пријавен како исчезнат од вчера. Во моментот на исчезнувањето, Роберт бил облечен во црвени шорцеви, кафенкаста маица, црна капа, бели патики и носел црн ранец.
Семејството апелира до сите граѓани кои имаат било каква информација за неговото движење да се јават на мобилниот број: 077/619-822 – Љубинка, мајка на исчезнатиот, се наведува во апелот.