Вишиот кустос историчар Бранко Ѓоргиев од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица од денеска е вршител на должноста директор на оваа установа.
Ѓоргиев дипломира на катедрата за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговата научна истражувачка дејност е поврзана претежно со македонскиот револуционерен период во Струмица и струмичко, како и со музејската дејност, заштитата и презентацијата на движното, недвижното и уметничкото културно-историско наследство. Тој е автор на повеќе публикации (монографија, каталози и други изданија), има објавено повеќе прилози во зборници на трудови, научни списанија и сл. Дел е од неколку редакциски одбори. Учествувал на повеќе научни симпозиуми и собири.