Претпладнето пред куќа на улицата „Првомајска“ во Струмица испука плиска боца, по што избувнал мал пожар. Благодарение на брзата интервенција на струмичките пожарникари, огнот беше локализиран и спречено е негово ширење. Нема повредени лица.
Утрово пожарникарите интервенирале и на настанат пожар на електрична трафостаница на улицата „Гоце Делчев“ во Струмица, истиот е целосно ликвидиран.
ФОТО: ТППЕ Струмица