Станарите од две згради на улиците „Ѓорги Василев“ и „Ристо Ќурчиев“ во Струмица реагираат дека синоќа некој им ги украл вратите од влезовите на зградите. Утрово кога отишле на работа забележале дека им ги нема вратите. Од струмичката полиција потврдија за кражбата на врати и преземаат мерки за расчистување на случајот.