Поранешниот фудбалер на ФК „Тиверија“, Илија Илиев – Ромата е избран за нов претседател на Општинскиот фудбалски сојуз во Струмица. Тој доаѓа на местото на Ѓорги Гоцевски кој беше досегашен претседател. Илиев доби поддршка од присутните делегати со надеж дека ќе го врати сјајот на ОФС Струмица кој го загуби од претходното раководство на ФФМ кој го суспензираше, поради несогласувањата со политиките на претходниот претседател на ФФМ, објави Дрнка.мк
На денешното Собрание на ОФС Струмица, фудбалските работници од Струмица и регионот му дадоа поддршка на Масар Омерагиќ да добие подмандат и понатаму да биде прв човек на ФФМ.
Извор: www.drnka.mk