НУ Завод и Музеј – Струмица во заедничка соработка со НУ Завод и Музеј – Прилеп ќе постави Изложба на хартиени – графички икони од XVIII и XIX век. Изложбата ќе биде поставена во просториите на Завод и Музеј во Струмица на 20 април од 19:30 часот.
Хартиените графики од икони биле случано пронајдени во кровниот дел на црквата „Св. Благовештение“ во 2003 година при реконструкција на кровот на црквата и веднаш, конзерваторот Горан Стојаноски при НУ Заводи и Музеј – Прилеп ја направил примарната конзервација, зашто графиките биле во многу лоша состојба, скриени во гредите на кровот.
Четврток, 20 април | 19:30 часот | Завод и Музеј Струмица