Во четврток (16 ноември) во 19:00 часот во Градската Уметничка галерија во Струмица ќе биде отворена изложбата „На работ на зборовите“.
Изложбата „На работ на зборовите“ се занимава со јазикот, неговите капацитети и граници. Како дел од активностите на Делегацијата на ЕУ за славење на јазикот, особено на македонскиот јазик и литература. Оваа изложба ги истражува вербалната комуникација и изразувањето кое ги надминува зборовите, како што е случај со визуелната уметност, како и нашите емотивни врски со зборовите. Универзални теми за сите јазици без оглед какви гласови или азбука користат.
Програмата ќе биде збогатена и со поезија од делата на Ацо Шопов во изведба на студенти од Катедрата за македонски јазик и книжевност од Филолошки факулет при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип под менторство на доц. д-р Ана Витанова Рингачева.