понеделник, 8 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Излезе од печат нова книга од струмичанецот Ацо Гогов – „Патот накај дома“

четврток, 27 јуни, 2024 | 22:37
in Вести, Струмица
Излезе од печат нова книга од струмичанецот Ацо Гогов – „Патот накај дома“

„Патот накај дома“ е најновото издание на Ацо Гогов, македонски писател, драматург и книжевен и театарски критичар од Струмица.

Станува збор за есеи и записи – книжевни, театарски и филмски теми и е сочинета од текстови, кои, главно, се однесуваат на творци или институции од Струмица и струмичко: Антон Панов, Видое Подгорец, Митко Маџунков, Митко Петро, Васе Манчев, Бранко Ставрев, Мите Грозданов, Киро Урдин, Кочо Урдин, Киро Донев, Иван Котев, Виолета Танчева-Златева, Лилјана Пандева… Но и творци од други средини, кои, во одреден момент, патот ги донел накај Струмица: Коле Чашуле, Луан Старова, Славица Гаџова, Боро Степановиќ и други.

„Книгава ја чувствувам како еден вид оддолжување на мојот град, на Струмица. Можеби и затоа ми е најдрага“ – вели авторот Гогов најавувајќи дека наскоро ќе биде и промоцијата на оваа негово дело.

Ацо Гогов е роден 1971 година во Струмица. Дипломирал на Катедрата по општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје со тема од новата македонска драма. Во струмичкиот театар вработен од 2014 година. Автор на три книги проза: „Географија на маленкоста“ (куси прози) во 2009 година, „Единствен матичен број“ (куси прози и раскази) во 2012 година и „Триптихон“ (куси прози) во 2016 година. Застапен е во неколку антологии. Во првата македонска антологија на песна во проза „Бденија и виденија“ во 2013 година во издание на „Антолог“ од Скопје. Во малата антологија на македонска микрофикција „Летаат приказни“ во издание на „Темплум“ од Скопје во 2019 година. Во антологијата на македонскиот краток расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“ („Темплум“, 2022). Во 2019 година излезе од печат неговата книга театарски есеи и записи со наслов „Децата на Мнемосина“. Автор на неколку драматизации и адаптации за претстави за деца и возрасни. Ја приредил за печат необјавената драма „Вероника Самарак” од Антон Панов во 2018 година. Негови кратки раскази се објавени во тематот за современа македонска микрофикција во новосадското списание „Полја“ во 2019 година.

ShareTweetShare
Previous Post

Да му помогнеме на Мите Ѓоргиев за лекување во Турција

Next Post

Здрава котлина: Депонијата „Шапкар“ трет ден гори

Related Posts

На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Маж од Банско физички ја нападнал сопругата, со која со месеци не живееле заедно

понеделник, 8 декември, 2025 | 11:49
Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Вести

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

понеделник, 8 декември, 2025 | 08:21
Денеска се слави Свети Климент Охридски
Вести

Денеска се слави Свети Климент Охридски

понеделник, 8 декември, 2025 | 07:26
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Тешко повредена жена откако автомобил удрил во неа на „Плачковица“ во Струмица

недела, 7 декември, 2025 | 16:22
Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist