четврток, 4 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Излезе од печат монографија посветена на Иван Котев и неговата фолклористичка дејност

четврток, 14 декември, 2023 | 13:14
in Вести, Струмица
Излезе од печат монографија посветена на Иван Котев и неговата фолклористичка дејност

Денеска излезе од печат монографијата „Иван Котев – меѓу фолклорот и животот“. Оваа вест пред малку ја сподели авторката, Ана Витанова-Рингачева, книжевна критичарка, есеистка и универзитетски професор, која повеќе години соработува со Котев и го проучува фолклорниот материјал собиран од него. Котев половина век е посветен на неговата мисија да ги сними, дешифрира и запише македонските народни песни, приказни, поговорки и да ги зачува од заборав. Таа негова мисија започнува на почетокот на 1970-тите, кога веќе работи на просветен план како наставник по македонски јазик во струмичко Босилово.

„Македонскиот фолклор, victus et amictus (храна и облека), нужност без која животот на Иван не би му имал смисла, станува негова единствена судбина. Поседува тој една зачудувачка работна дисциплина, живее со постојана вознемиреност од потребата да запише барем уште една приказна, песна, поговорка, да се собере уште од она што останало. И така, трошка по трошка повеќе од пет децении Иван Котев ја полни трпезата за нас вечно гладните и ненаситни души. Наумил тој да ѝ пркоси на намерата да се пропадне во сопственото време, да се потоне во едноличноста и просечноста, беспоговорно да ѝ се предадеме на судбината со помиреност дека сме само патници на векот“, пишува професорката Витанова-Рингачева во нејзината објава по повод излегувањето од печат на монографијата.

Котев има публикувано петнаесет книги и десетици научни статии. Најновата книга „Наведе́ се с’нце да зајде“ е посветена на неговото родно село, струмичко Робово, а по повод нејзиното публикување во март годинава имавме чест Котев да нѐ угости во неговиот дом, во неговата богата домашна библиотека, по чии полици се наоѓаат безброј книги за македонската култура и историја, и да ни раскаже за неговиот живот и за богатството на македонскиот фолклор, кое тој најизворно го осознал како деец за негово зачувување и негување. Ценејќи го значењето на Котев, во 2021 година Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, чиј долгогодишен соработник е тој, организираше симпозиум „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“.

„Низ неговото дело јазикот се буди од јаслите на меморијата, народниот раскажувач седнат до огништето ја раскажува приказната за непослушниот син, а пејачот го раскрилува својот глас, за да ја испее песната, онаа најдолгата. Силно сраснат со цврстата цивилизациска вертикала, Котев станува нејзина силна поткрепа. Неговото дело вклопено во мозаикот на светската култура како најголема цивилизациска вредност, всушност е наша одвет, но и отчет кон светот, кој понекогаш заборава дека сме тука“, напиша Витанова-Рингачева.

Истражувачкиот труд на Витанова-Рингачева преточен во оваа монографија од околу 500 страници е поделен на три дела. Првиот дел е биографско-библиографски, во вториот дел се поместени критички осврти, анализи и предговори на авторката, а во третиот текстови, критики и осврти на значајни македонски научници и истражувачи. Според рецензентката на книгата Марина Даниловска, оваа книга е редок потфат со којшто се остава трага во македонската фолклористика.

Во својата објава Витанова-Рингачева се заблагодарува на Ермис Лафазановски и Сузана Мицева за, како што вели, вербата и крилјата, на рецензентката Марина Даниловска, на лекторката Фросина Милева, на фотографот Сречко Гунчев, како и на Министерството за култура и печатницата „Европа 92“ од Кочани.

Авторката Ана Витанова-Рингачева е родена во 1981 година во Струмица. Таа дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со одбраната на темата „Шаманизмот како „културен остаток“ во македонската народна традиција“ во 2017 година се стекнува со звање доктор по филолошки науки. Витанова-Рингачева е професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што раководи со Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет. Таа е автор на десетици трудови и книги, меѓу кои е и „Струмичко литературно соѕвездие“ (2015), напишана во соавторство со Котев. К.Ѓ.

ShareTweetShare
Previous Post

ПОВИК ЗА ОБУКА НА МЛАДИ ПОТКАСТЕРИ

Next Post

Промоција на Монографијата „100 години Тиверија – еден век фудбалска историја“

Related Posts

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица

среда, 3 септември, 2025 | 21:48
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

среда, 3 септември, 2025 | 15:31
Миле Цеков: Струмица ќе добие езеро со мултифункционален парк – проект што ќе ја промени иднината на градот
Вести

Миле Цеков: Струмица ќе добие езеро со мултифункционален парк – проект што ќе ја промени иднината на градот

среда, 3 септември, 2025 | 09:00
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Струмичанец украл мопед од вулканизер, фатен е и приведен во полициска станица

вторник, 2 септември, 2025 | 10:50

ТОП ВЕСТИ

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Во општина Струмица 492 првачиња зачекорија во основното образование

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist