По доставено известување од страна на МВР до ОЈО за ГОКК, оформен е предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од КЗ, соопштија од МВР.
„Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, издадени се наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови, каде координирано постапуваат полициски службеници, истражители од истражен центар на ОЈО ГОКК и службени лица од Управата за јавни приходи. При претресите е обезбедена поголема документација која ќе биде предмет на дополнителна обработка и анализа со цел обезбедување на материјални докази за потребите на водењето на понатамошна кривична постапка“ – стои во соопштението на МВР.