Вечерва пред 21 часот избувнал пожар во кујната на пица ресторанот „Хепинес“ во Струмица. Интервенирала противпожарната единица на Струмица со две противпожарни возила и пет пожарникари. Информацијата ни ја потврди командирот на ТППЕ – Струмица, Александар Гудев. Бил опожарен дел од инвентарот во кујната односно шпорет и фритеза, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, превентивно биле отстранети две плински боци поради кои можело да дојде до поголема експлозија. Пожарот бил целосно изгаснат во 21.15 часот.