Од СВР Струмица информираат дека вчера во дворно место на ЈЗУ Општа болница – Струмица настанал пожар на сува трева и гранки околу метален контејнер, на кој вратата била отворена, а делумно била оштетена стара книговодствена документација која била сместена во него. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.