Директорот на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, Зоран Ѓоргиев кој 12 и пол години управуваше со јавното комунално претпријатие ја напушта функцијата директор. Ова го најави Ѓоргиев на денешната 32 седница на Советот на општина Струмица, која штотуку заврши, каде беше усвоен Буџетот на Општина Струмица за 2024 година.