Од утрото знамињата на зградата на Општина Струмица и општинските институции се на половина копје, како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Владата на вчерашната седница денешниот ден, 13-ти февруари, понеделник го прогласи за Ден на жалост на територијата на цела држава.