понеделник, 18 август 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

„Златна потковица“ на „Астерфест 2023“ на данскиот филм „ИВАЛУ“ (IVALU) од авторите Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен

понеделник, 7 август, 2023 | 11:08
in Вести, Струмица
„Златна потковица“ на „Астерфест 2023“ на данскиот филм „ИВАЛУ“ (IVALU) од авторите Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен

Стручната жири комисија на годинашното 18-то издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во состав м-р Гоце Ристовски (писател и универзитетски професор), д-р Дрита М. Фазлија (филмски продуцент и универзитетски професор) и Мили Чумиќ (филмски продуцент и дистрибутер од Велика Британија), по опстојна расправа за сите 23 филмa во официјалната конкуренција прикажани на „Астерфест“, донесе едногласна одлука, наградата „Златна потковица“ да ја додели на филмот ИВАЛУ (IVALU) на авторите Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен од Данска.

Наградата „Сребрена потковица“ ја доби филмот ЕЖ (HEDGEHOG) на авторот Д. Митри од САД, додека „Бронзена потковица“ на филмот ШТИПЕЊЕ (PINCH) на авторките Еми Патмор и Ана Дворжак од Австралија.

Наградата „Ѓорѓи Абаџиев“ за сценарио се доделува на авторката Александра Кардалевска за македонскиот филм СЦЕНАРИОТО (THE SCRIPT). Наградата „Ацо Алексов“ за режија се доделува на авторот Дејан Ангелов за филмот ЗАДАЧА (TASK) од Бугарија. Награда за филм од македонската продукција се доделува на македонскиот филм ЗВУКОТ НА ТИШИНАТА (THE SОUND OF SILENCE) на авторката Анастасија Лазарова Пилинг. Награда за студентски филм се доделува на НОВИОТ ПОЧЕТОК (THE NEW BEGINNING) на авторката Тања Симоновска.

Специјална награда за современ третман на традиционалните семејни вредности се доделува на филмот „Ирско збогување“ (AN IRISH GOODBYE) на авторите Том Беркли и Рос Вајт од Велика Британија.

Специјална награда за инвентивен ведар пристап кон теми што говорат за глобалната состојба на психоза во современиот свет се доделува на македонскиот филм „Тале и Корона“ (TALE AND CORONA) на авторoт Томислав Алексов.

Специјална награда за придонес во разоткривањето на ефектите од алтернативниот уметнички креативен пристап наспрема конвенционалниот живот се доделува на македонскиот филм „ЛУКА“ (LUKA) на авторот Ице Виранов.

Вечерва во Амфитеатарот во Струмица во 20:30 часот „Астерфест“ проекција на „Планината на гневот“, по повод 5 години од смртта на режисерот Љубиша Георгиевски. Проекција на реставрираната верзија во соработка со Кинотеката. Култен македонски филм во кој игра Ристо Шишков.

ShareTweetShare
Previous Post

Јанкулов со еврогол и донесе победа на „Брера Струмица“ над „Вардар“

Next Post

Традиционалниот турнир во мал фудбал „Босилово 2023“ кон завршницата – вечерва е малото финале

Related Posts

Се затвора обиколницата околу Солун – важно соопштение за оние кои патуваат на Халкидики во Грција
Вести

Се затвора обиколницата околу Солун – важно соопштение за оние кои патуваат на Халкидики во Грција

понеделник, 18 август, 2025 | 21:32
Одново во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот
Вести

Одново во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

понеделник, 18 август, 2025 | 10:39
Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана
Вести

Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана

недела, 17 август, 2025 | 22:47
Да и помогнеме на 9-годишната Тијана од Добрејци која цела година води битка со тешка болест – Итно се потребни финансиски средства
Вести

Да и помогнеме на 9-годишната Тијана од Добрејци која цела година води битка со тешка болест – Итно се потребни финансиски средства

недела, 17 август, 2025 | 22:22
Во Струмица вчера казнети 35 возачи за брзо возење
Босилово

Во сообраќајка на патот Босилово – Радово повредени две лица

недела, 17 август, 2025 | 16:43
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

40-годишна жена пријавила дека снаата физички го малтретирала своето тримесечно бебе

недела, 17 август, 2025 | 15:37

ТОП ВЕСТИ

Првата концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ посветена на трагично загинатиот музичар Џоко Ѓоргиев
Пожар во Штука – гореше кровна конструкција од куќа и штала
Повредени тројца млади луѓе на возраст од 12, 15 и 19 години кои со мотори направиле сообраќајка на „Ленинова“

ВЕБ БИЛБОРД

Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“
На 15 и 18 август во струмичкиот регион ќе се изврши ларвицидна и терестична дезинсекција
Вечерва втора концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ – македонска музика и големи хитови
Првата концертна вечер на „Струмица ОПЕН фестивал 2025“ во чест на Џоко Ѓоргиев
Струмица ќе ги чествува двата Илиндена

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist