Жири комисијата на Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2025“, кој ќе се одржи во рамките на „Струмичкиот карневал“ на Чист понеделник во 19:30 часот, ги одбра најдобрите карикатури и афоризми за годинашното 26-то издание.
Во категоријата Карикатура, Златната плакета ја доби Иваило Цветков (Бугарија), Сребрена плакета – Олех Хутсол (Украина) и Бронзена плакетаза Миле Манчевски (Македонија).
Наградата која ја доделува Организациониот одбор на Струмичкиот карневал ја доби – Миро Георгиевски (Македонија).
На фестивалот ќе бидат доделени и дополнителни награди дипломи за своите трудови на Блаже Докуле (Македонија) и Зоран Тодороски (Македонија).
Во категоријата Афоризам, Златна плакета добива Јово Николиќ (Босна и Херциговина/Република Српска), Сребрена плакета – Зоран М. Јовановиќ (Србија) и Бронзена плакета за Мирослав Средановиќ (Србија).
Наградата која ја доделува Организациониот одбор на Струмичкиот карневал ја доби Атанас Крлевски (Македонија), а дипломи за своите трудови во оваа категорија ќе добијат Миле Ѓорѓијоски (Македонија) и Веселин Зидаров (Бугарија).
Годинашното жири кое одлучуваше за наградите го сочинуваат: Владица Миленковиќ како претседател и членовите Ацо Ѓоргиев, Александар Филев, Иван Јовев и Ана Димоска.