Вчера во периодот од 09:00 до 15:00 часот на подрачјето што го покрива Секторот за внатрешни работи – Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
Според соопштението на СВР Струмица, констатирани се 131 прекршок, од кои 87 на подрачјето на Струмица, 24 на подрачјето на Радовиш, 15 на подрачјето на Валандово и 5 на подрачјето на Гевгелија.
Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.