Денеска во периодот од 11:00 до 16:00 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при одделот за униформирана полиција спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 106 возачи, од кои 37 за возење без возачка дозвола, 17 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 6 возачи кои вршат јавен превоз на патници, 7 барања за поведување прекршочна постапка за правни лица, 4 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки и 4 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, информираат од СВР Струмица.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од СВР Струмица велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелирааат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.