Вчера од 12:00 до 18:00 часот на подрачјето што го покрива Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Биле констатирани 74 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачјето на Радовиш, 24 во Струмица, 12 во Валандово и 4 на подрачјето на Гевгелија. 38 прекршувања на брзината биле констатирани во населено место, а 36 надвор од населено место. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани, информираат од СВР Струмица.