Синоќа по полноќ полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат, извршиле контрола на повеќе угостителски објекти на подрачјето на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетници после 24:00 часот, како и две кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници“, за што ќе бидат поднесени соодветни пријави. Од страна на Државниот пазарен инспекторат е издадено Решение за забрана за работа на истиот објект поради непочитување на работното време, информираат од струмичката полиција.