СВР Струмица информира дека вчера околу 12:00 часот кај село Сачево, струмичко, на место викано Аџимерки, В.Т.(58) од истото село, додека извршувал земјоделски работи со трактор на сопствената нива, во која имало редови со метални цевки за фолии, се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.