Вчера околу 18:20 часот на локалниот пат Ново Село – Мокриево, струмичко, С.С.(45) од Мокриево, управувајќи патничко возило „Фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот С.Т.(38) од Мокриево, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од струмичката полиција.
Возачот С.С. и сопатникот Д.Д.(44) од Мокриево се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Струмица.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.