Синоќа во Струмица и официјално заврши 19-то издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, едно од најуспешните досега.
Стручното жири ги награди најдобрите автори и филмови. Авторите, гостите и публиката уживаа во петдневното славење на филмската уметност, од 1 до 5 август, под мотото „Кинореалност ’24“.
Основачот на „Астерфест“, Горан тренчовски вели дека подготовките за јубилејната фестивалска сезона се веќе започнати. Фестивалот е вмрежен во меѓународните асоцијации и платформи, а Општина Струмица како покровител на манифестацијата, но и сите досегашни соработници, пријатели, поддржувачи и помагатели – остануваат доследни на концептот на „Астерфест“.