Од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица информираат дека е завршена делумната реализација на проектот Конзервација, санација и реставрација на „Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ“ над градот Струмица.
Исчистени се вегетација и шут, заменети се искршени или оштетени мермерни плочи со нови на целата платформа. Подот е полиран и предната фасада на аулата е исчистена од графити и поликолор.
Од „Завод и Музеј“ Струмица апелираат до граѓаните да го чуваат културното добро, бидејќи е заштитетно културно наследство со решение за прогласување на значајно културно наследство број: 18-177 од 27 септември годинава.