Завршени се потпорните ѕидови покрај просторот планиран за новото спортско игралиште и паркиралиште за автомобили и автобуси во Турското маало во Струмица, на местото на некогашната „маларична“ болница, информираше градоначалникот Костадин Костадинов при средбата со жителите во оваа маало. Следува оградување на целото игралиште, тампонирање, асфалтирање и поставување на потребните спортски реквизити.
„Со планираниот паркинг ги задоволуваме потребите на верниците кои ги посетуваат џамијата и црквата „Свети Петнаесет“, но и за автобусите со туристи кои се додадена вредност на струмичката економија“, кажа Костадинов.
Тој најави дека се решава и проблемот со турските гробишта, но и водоснабдувањето во летниот период со новите резервоари и водовод во Социјалната населба во вредност од 300.000 евра.