СВР Струмица информира дека денеска (28.03.2023 година) во Полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со 64-годишен жител на село Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 година во 11:30 часот, според која на 24.03.2023 година околу 14:00 часот, во атар на село Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.