Вчера попладне во 15:50 часот на булевар „Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед со струмички регистарски ознаки, управуван од С.В.(43) од Струмица и патничко возило „Сеат“ со германски национални ознаки, управувано од Ѓ.С.(35) од село Мокриево, струмичко, информираат од струмичката полиција. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка на мопедот, а со телесни повреди се здобила С.В., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.