Вчера во 11:45 часот 33-годишна жена пријавила дека околу 9:00 часот во домот во Струмица била физички нападната од нејзиниот 38-годишен сопруг. Исто така, во 22:45 часот 38-годишен маж пријавил дека околу 2:00 часот во домот бил физички нападнат со тврд предмет од неговата 33-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, стои во соопштението од СВР Струмица.