Неопходна е поширока дебата за предлог Законот за родова еднаквост и вклучување на пошироката, пред се стручна јавност. Ова било заклучено на средбата помеѓу викарниот епискот Стобиски Јаков и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.
Владиката ја поздрави подготвеноста на министерката за дијалог и потенцираше дека средбата не значи и усогласување во однос на предлог законот во таква форма како што е моментално предложен. Тој и понатаму останува на неговиот став и сите забелешки изнесени на трибината.
Предлог Законот за родова еднаквост стана актуелен откако Фондацијата Елеуса од Струмица организираше трибина на која зборуваше и владиката Јаков. Од таму тој изнесе низа забелешки на предложеното решение во кое според него терминологијата за родова еднаквост е подметната наспроти половата еднаквост и дава можност за легитимитет на насилството врз жените од страна на биолошките мажи. Тогаш тој ги повика и пратениците да бидат посебно внимателни кога ваквиот Закон ќе се носи во Собрание.