Синоќа, викарниот Епископ Стобиски г.Јаков отслужи сеноќно бдение со Света Божествена Литургија во храмот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
„Затоа ние го чекаме Христос, ништо друго не посакуваме и не очекуваме. Единствената желба ни е да бидеме со Него и во Него. Единствениот страв ни е да не бидеме лишени од заедницата со него, затоа што само таа заедница значи подобро утре, подобра иднина и сѐ добро“, кажа во својата беседа на сеноќното новогодишно бдение, викарниот Епископ Стобиски г.Јаков.