Во недела Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица го организираше 24-от по ред меморијален планинарски марш „Ванчо Атанасов“, во чест на прерано починатиот претседател на ова друштво, а на кој освен планинари учествуваа и велосипедисти од ВК „Струмица“.
Планинарскиот марш стартуваше од Костурино, преку Орманли, Белашки ливади, Ќучук Чешма, споменик на петте струмички студенти, Џами кран до Планинарската куќа Дедо Кољо Муртински на надморска висина од 1160 метри, каде по поминати 23 километри беше организиран заеднички ручок, по што продолжија до селото Свидовица.