недела, 1 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Екстравагантно, луксузно, нешто поинакво се случуваше во светот на модата – EL Bridal ‘24 колекција на ЕЛЕНА ЛУКА

петок, 28 јуни, 2024 | 20:48
in Вести, Магазин, МАРКЕТИНГ, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Екстравагантно, луксузно, нешто поинакво се случуваше во светот на модата – EL Bridal ‘24 колекција на ЕЛЕНА ЛУКА

Екстравагантно, луксузно, нешто поинакво се случуваше во светот на модата, а тука кај нас во Банско, во хотелот „Цар Самуил“ – EL Bridal ‘24 колекција на ЕЛЕНА ЛУКА беше презентирана пред струмичани.

Новата EL Bridal ‘24 колекција на ЕЛЕНА ЛУКА, блесна во сиот сјај на евент центарот „Цар Самуил“, каде публиката имаше можност да ужива во нови над 70 прекрасни невестински фустани облечени од манекенките на ЕЛЕНА ЛУКА, но и од млади убави струмичанки, кои за прв пат беа како манекенки, токму во модели на овој моден бренд создаден од струмичанката Елена Пандева.

Раскошот што ова bridal show го донесе со себе, е само уште еден доказ за успешноста, квалитетот и гламурот што ЕЛЕНА ЛУКА го носи со себе и за високата мода која ја промовира. Модниот спектакл на кој бевме сведоци раскажа една вонземска бајка преку совршените венчаници на ЕЛЕНА ЛУКА каде што секоја венчаница е своевиден уникат и неповторливо исткајана приказна за љубовта и бесконечната креативност на дамата визонер и предводник на модниот бренд – ЕЛЕНА ЛУКА. Ценетите гости и пријатели на ЕЛЕНА ЛУКА уживаа во перформансот што наши музички ѕвезди го прикажаа, додека моделите на ЕЛЕНА ЛУКА дефилираа нежно и бајковито во прекрасниот амбиент и низ авангардната сценографија на евент центарот на „Цар Самуил“, воодушевувајќи се од сето она што беше прикажано од нашиот најдобар моден бренд како резултат на сета работа и креативна енергија вложена низ годините наназад.

Водители на вечерта беа харизматичните Снеже Велков и Марко Марк, а целиот спектакл беше поддржан и воден од музичката поддршка на префинетиот пијанист Јордан Петрушевски, моќните вокали на баритонот Иван Наумовски и оперската пејачка Ева Живковска, како и искусниот шарм на оперската дива Дешира Ахмети-Крлиу, а додека пак, коктел-забавата на крајот беше збогатена со прекрасниот перформанс на поп-пејачката Ана Петановска придружувана од Стефан Петановски на гитара. Како заокружување на целата магична вечер, можевме да уживаме во спектакуларен повеќеминутен огномет, по што забавата продолжи со истата магија и гламур.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Од септември се зголемуваат пензиите за 2.500 денари, а од март за уште 2.500 денари

Next Post

Општина Струмица објавува ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлог проекти за Локален економски развој и туризам, Заштита на животната средина

Related Posts

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада
Вести

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада

сабота, 31 мај, 2025 | 21:22
Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург
Вести

Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург

сабота, 31 мај, 2025 | 12:10
Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево
Вести

Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево

сабота, 31 мај, 2025 | 11:32
На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева
Вести

На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева

сабота, 31 мај, 2025 | 09:41
ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја распадна општина Струмица
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја распадна општина Струмица

петок, 30 мај, 2025 | 17:53
Во Струмица одбележан Денот на згрижувачите во Македонија
Вести

Во Струмица одбележан Денот на згрижувачите во Македонија

петок, 30 мај, 2025 | 14:47

ТОП ВЕСТИ

Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица
Првата награда на Фолк Фест „Валандово 2025“ за Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев и песната „Љубовта да расцути“

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура
Во среда во Струмица ќе биде прикажан филмот „Невидливиот гостин“
Во среда од 20:00 часот на струмичкиот плоштад – Хуманитарен концерт
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist