ВМРО-ДПМНЕ ги утврди кандидатските листи за пратеници во сите шест изборни единици за претстојните Парламентарни избори кои ќе се одржат на 8 мај. Носител на кандидатската листа во 4-та Изборна единица, како што веќе е објавено е потпретседателот Александар Николоски, а меѓу „сигурните“ пратеници во идниот Македонски парламент на 3-та позиција е актуелната пратеничка Ели Панова.
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов се наоѓа на 11-та позиција, зад него како 12-ти е претседателот на Општинскиот комитет во Ново Село, д-р Петар Марков, на 15-та позиција е Мите Андонов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Босилово, додека сé уште актуелната пратеничка, д-р Јадранка Поцкова е на 16-та позиција од вкупно 20 кандидати за пратеници.