недела, 29 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Босилово

Едукативна работилница со земјоделци од општина Босилово – Како до парите од ИПРАД програмите на ЕУ

вторник, 10 јуни, 2025 | 17:54
in Босилово, Вести, Струмица
Едукативна работилница со земјоделци од општина Босилово – Како до парите од ИПРАД програмите на ЕУ
Едукативна работилница со земјоделци од општина Босилово – Како до парите од ИПРАД програмите на ЕУ
Едукативна работилница со земјоделци од општина Босилово – Како до парите од ИПРАД програмите на ЕУ
Едукативна работилница со земјоделци од општина Босилово – Како до парите од ИПРАД програмите на ЕУ
Едукативна работилница со земјоделци од општина Босилово – Како до парите од ИПРАД програмите на ЕУ
Едукативна работилница со земјоделци од општина Босилово – Како до парите од ИПРАД програмите на ЕУ
Едукативна работилница со земјоделци од општина Босилово – Како до парите од ИПРАД програмите на ЕУ
Едукативна работилница со земјоделци од општина Босилово – Како до парите од ИПРАД програмите на ЕУ

Земјоделците, но и малите и средни препријатија кои сакаат да го прошират својот бизнис, да ги следат сите огласи од ИПАРД програмата на ЕУ и соодветно да се информираат за можностите што ги нудат овие фондови. Ова беше пораката од првата едукативна работилница во Босилово што ја организираше Здружението „Медија Инфонет“ од Струмица во рамките на проектот „Поврзи го Југоистокот за Европска иднина“, финансиран од ЕУ преку Евротинк, Алда и Бирц од проектот „Медиумите за ЕУ“.

На присутните им се обрати консултантот Тихомир Петрески кој им ја објасни ИПАРД програмата на ЕУ. Конкретно се задржа на неколку точки во однос на тоа како може да се аплицира, за што конкретно, како тече постапката, кои трошоци се прифатливи односно сите можни чекори до Европските фондови за земјоделство и рурален развој. Тој подвлече дека програмата нуди огромни средства кои може да се слеат во македонскиот аграр и реален сектор, но се потребни издржани проекти кои даваат можност за одржливо производство.

Земјоделците и претставници од фирми кои беа присутни на првата работилница што се организираше во Едукативниот центар во Босилово, признаа дека многу малку стасуваат информации до нив за ИПАРД фондовите на ЕУ. Не знаат кога се повиците, ниту пак кај кого да се обратат и за што да аплицираат.

„Слушаме по медимите ИПАРД, но немаме доволно информации за оваа програма. Еве јас сакам да ја обновам механизацијата со кои ги обработувам нивите, но никој досега ми нема помогнато. Слушам само информации те овој добил, овој го одбиле. Јас не можам да работам на нива, а паралелно и да се занимавам со административни работи. Тоа државата треба да најде модел како да им помогне на земјоделците да направат одреден бизнис план и ние да аплицираме“, кажа Митко Андонов.

Петрески ги охрабри земјоделците и подвлече дека постојат консултатни кои стојат на располагање да ја тераат административната постапка. Според него целата процедура не е едноставна и лесна. Потребно е земјоделското стопанство однапред да ја планира инвестицијата и да ги обезбеди парите, а Ипардот може само да помогне да ја врати инвестицијата како помош на едно стопанство.

„Овие средства не се за почетен бизнис, туку за проширување и развој на одреден бизнис. Ако сакате да градите нов производствен капацитет, отворите нова линија, подигнете нови насади, треба однапред да ја планирате таа инвестиција за што треба да ги обезбедите и потребните средства, па да аплицирате од ИПАРД. ЕУ дава пари, но кога ќе забележи издржани проекти за одржливо производство“ – кажа Петрески.

Серијата работилници продолжува и наредните денови. Утре Здружението „Медија Инфонет“ ваква едукативна работилница ќе одржи во Радовиш во Центарот за уметност, каде ќе бидат презентирани начинот и условите како да се добијат европски пари за развој на бизнисите од агросекторот.

Проектот „Поврзи го Југоистокот за Европска иднина“ има за цел да ја „приближи“ ЕУ до граѓаните во Југоистокот со едукативни работилници и медиумски продукти поврзани со ИПАРД фондовите што ги има Европската унија. Тој е финансиран од ЕУ преку проектот „Медиумите за ЕУ“, што го спроведува Евротинк во соработка со Алда и Бирц.

ShareTweetShare
Previous Post

Kривични за 23 физички и 15 правни лица од Струмица – го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

Next Post

Во Струмица промовирана мерката за самовработување со поддршка и до 10.000 евра

Related Posts

Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Утрово почуствуван земјотрес во струмичко со јачина од 3.5 степени

недела, 29 јуни, 2025 | 06:27
165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев
Босилово

165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев

петок, 27 јуни, 2025 | 17:21
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Вести

Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите

петок, 27 јуни, 2025 | 14:39
Се е подготвено за настанот „Мистериите на Беласица“ – се одржува овој викенд, а годинава е по 10-ти пат
Вести

Се е подготвено за настанот „Мистериите на Беласица“ – се одржува овој викенд, а годинава е по 10-ти пат

четврток, 26 јуни, 2025 | 10:17
Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија
Вести

Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија

среда, 25 јуни, 2025 | 17:06
Гореше голема површина со сува трева, папрат и дрвја над селото Габрово
Вести

Во пожар кај Крива река опожарени родни дрвја, сандаци за пчели, нискостеблеста шума и грмушки

среда, 25 јуни, 2025 | 16:03

ТОП ВЕСТИ

Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија
Струмичанецот Југослав Тренчовски се сели во Словенија – ќе биде прв тренер на прволигашот ФК „Радомље“

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist