Отворена телефонска линија: 143-400
Црвениот крст на РСМ ги мобилизира своите ресурси и отвори телефонски број за донации, за да им се помогне на настраданите во поплавите кои ја погодија Босна и Херцеговина.
Секој граѓанин може да донира 100 денари со еден повик на бројот 143-400, достапен за корисниците на Македонски Телеком и А1.
Оваа акција е само дел од напорите за ублажување на страдањата предизвикани од катастрофалните поплави што однесоа човечки животи и предизвикаа огромни материјални штети.
Дополнително, за настраданите во поплавите може да се донира и на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка, со назнака: Помош за настрадано население од поплавите во БиХ.
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228