Денеска по повод 9 мај – Денот на Европа и 2023 година – Европска година на вештини во организација на Europe House – Струмица на плоштадот „Гоце Делчев“ се одржа презентација на вештини.
Со часовникот кој симболично ги претстави старите занаети и вештини, преку приказната за последниот струмички часовничар Митко Тредов и вкусните закуски на „Бисер“, па се до фото-изложба на модерни вештини од младината, беше презентиран патот на Струмица од минатото, преку сегашноста до иднината.
Се претставија 12 занаети или вештини кои се познати во Струмица и регионот: бербер, пекар, кувар, изработувач на накит, плетени торби, мебел, конзервација… како и неколку локални уметници, графички дизајнери, поетско читање.
Целта на овој настан е да ги стави во преден план луѓето од Струмица кои се занимаваат со вештини, занаети, уметности, култура и кои со својата работа го зачувуваат културното наследство на градот, но и вложуваат во нови иновации и се отворени за промени.