сабота, 16 август 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица

петок, 21 февруари, 2025 | 17:18
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска беше во посета на Струмица. Имаше средба со градоначалникот Костадин Костадинов, одржа и работен состанок со претседателот на Советот, Марјан Даскаловски и членови на Советот на општина Струмица, а во Europe House дебатираше со граѓани за важноста на евроинтегративниот процес.

Градоначалникот Костадинов ја нагласи посветеноста на општината и проактивниот пристап во спроведување на клучни проекти усогласени со европските стандарди.

„Факт е дека урбаната мобилност е една од фундаменталните вредности на европското креирање на политики, особено во делот на локалната самоуправа. Струмица токму тоа го прави. По пат на договор помеѓу општина Струмица и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија веќе инвестираме во смарт вело сити проектот каде што имаме веќе 8 километри реализирана велосипедска патека, а третата фаза е во тек на реализација и секако тоа треба да го продолжуваме, ама тука не завршува се. Ние мора да ги препознаеме таквите потреби и преку визионерски политики да продолжиме во однос на урбаната мобилност, за тоа и беше иницијативата за електрифицираниот јавен превоз со што станавме и прва општина на Балканот со целосно имплементиран јавен електрифициран превоз за кој што имаше дилеми и тоа е нормално“ – потенцираше Костадинов.

Посетата на општината амбасадорот Рокас ја искористи и за да се запознае со работата на Пречистителната станица за фекални и отпадни води кај Сачево. Овој објект, кој работи во рамките на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица беше изграден со финансиска поддршка од 6,5 милиони евра од Европската Унија.

„Чистата вода е движечка сила, таа е носечки ресурс за луѓето и за природата, но е клучна и за економијата, односно за земјоделието. Струмица е регион каде што многу бизниси одгледуваат храна, која што освен на домашниот пазар, се извезува и во Европа. Проекти како оваа Пречистителна станица даваат значаен придонес за тоа што се произведува, да има соодветен квалитет. Европската Унија, меѓудругото, подготвува и стратегија за отпорност на водите. Политиките на ЕУ целат кон заштита на природата и биодиверзитетот, минимизирање на ризиците за човечкото здравје и транзиција кон циркуларна економија. Едноставно, иднината на секоја земја е тесно поврзана со одржувањето чиста животна средина“ – изјави Рокас.

Во Пречистителната станица пристигнуваат од 350 до 400м³ фекални и отпадни води од физичките и од правните лица во Струмица, а излегуваат од 280 до 300м³ чиста вода. Процесот на обработка се придржува до европските стандарди. Дополнително, Пречисителната станица е разубавена и со мурали од уметниците Ване Костуранов, Марјан Димиќ, Блаже Атанасов, Драган Китановски – Драш и Филип Конески.

Градоначалникот Костадинов и членови на Советот го прошетаа евроамбасадорот Рокас низ улиците на Струмица и направија едно возење во новите електрични автобуси низ централното градско подрачје.

ShareTweetShare
Previous Post

Во јуни ќе започне конзервација на кулата Пирго, над селото Мокриево

Next Post

„Ескофиер“ ги повикува угостителите да се вклучат во иницијативата за „Најголем број поделени порции бело гравче“ на Чист понеделник

Related Posts

СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?
Вести

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Прво решете си го статусот на кандидат за градоначалник, па после тоа ќе се соочиме кој и колку има дадено и направено за општина Струмица

петок, 15 август, 2025 | 14:27
ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Што ново ќе понуди Даскаловски пред струмичани, кога за 2 децении има еден куп лажни ветувања
Вести

ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Што ново ќе понуди Даскаловски пред струмичани, кога за 2 децении има еден куп лажни ветувања

петок, 15 август, 2025 | 12:16
Вести

Полицијата го најде исчезнатиот струмичанец, кого го немаше речиси два дена

петок, 15 август, 2025 | 11:56
Исчезнат е 39-годишен струмичанец – Роберт Дрвошанов
Вести

Исчезнат е 39-годишен струмичанец – Роберт Дрвошанов

четврток, 14 август, 2025 | 14:39
Накратко со Александар Илиев од ЗНАМ за претстојните Локални избори и нивното учество
Вести

Накратко со Александар Илиев од ЗНАМ за претстојните Локални избори и нивното учество

среда, 13 август, 2025 | 19:33
Одбележана 74-та годишнина од убиството на 5-те струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов
Вести

Одбележана 74-та годишнина од убиството на 5-те струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов

среда, 13 август, 2025 | 15:10

ТОП ВЕСТИ

Првата концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ посветена на трагично загинатиот музичар Џоко Ѓоргиев
Пожар во Штука – гореше кровна конструкција од куќа и штала
Повредени тројца млади луѓе на возраст од 12, 15 и 19 години кои со мотори направиле сообраќајка на „Ленинова“

ВЕБ БИЛБОРД

Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“
Вечерва втора концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ – македонска музика и големи хитови
Првата концертна вечер на „Струмица ОПЕН фестивал 2025“ во чест на Џоко Ѓоргиев
Струмица ќе ги чествува двата Илиндена
Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist