вторник, 16 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Д-р Филипче до младите во Прилеп: Борете се за тоа што заслужувате, никој нема да ви го даде на тацна

петок, 5 април, 2024 | 10:26
in Вести, ИЗБОРИ 2024

Носителот на листата на СДСМ во Изборната единица 4, неврохирургот д-р Венко Филипче на средба со младите во Прилеп порача дека тој како пратеник ќе направи сè за реализирање на идеите и предлозите што ќе стигнат токму од нив.

„Од вас ќе чекам конкретни предлог решенија. Не само констатирање дека нешто не чини. Вие мора да понудите сериозни решенија, а ние ќе најдеме начин да ги реализираме. Вие треба да сте креатори на политиките кои вас ве засегаат, а ние да ве поддржиме во спроведувањето. На младите лекари секогаш им велам, тоа го заслужувате, не чекајте друг да ви го даде на тацна. Барајте го гласно. Ако наидете на затворена врата, ќе влезете преку прозор. Нема друг начин да ги остварите вашите права. Не ја пропуштајте можноста да ги водите промените“, рече д-р Филипче пред младите.

Покрај тоа, Филипче ги презентираше клучните младински политики предвидени во програмата на СДСМ што ќе значат континуирано подобрување на образовниот процес кој ќе гради млади со смели и одговорни идеи за иднината на државата и ќе ги задржи дома преку понуда на конкурентни политики за младинско вработување.

„Една од промените што ќе ја направиме е зголемување на програмата „Гаранција за млади” која ќе биде отворена за 35.000 млади кои ќе добијат многу можности за вработување“, истакна д-р Филипче.

„Сакаме да ви обезбедиме стабилност и сигурност, затоа воведуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години“, додаде Филипче.

Филипче истакна дека СДСМ верува во вредноста на образованието и затоа ќе им овозможи на младите подобри услови во сите степени на образование.

„Ќе работиме на подобрување на настаните програми, но паралелно ќе се грижиме и за севкупните услови во кои младите се образуваат. Ќе создадеме подобра инфраструктура во училиштата и студентските домови, средина која ќе биде мотивирачка и инклузивна за вие да можете целосно да се посветите на вашиот развој и образовен раст“, рече Филипче.

Тој им порача на младите дека не постои брза приказна за успех, но постои можност со амбиција да го постигнат зацртаното.

„Многу скоро ќе дојде време кога вашите генерации ќе треба да ја преземат одговорноста во државата, затоа во вас, СДСМ гледа идни носители на развој на македонското општество“, додаде Филипче.

Носителот во ИЕ 4 истакна дека СДСМ се грижи младите да ги добијат истите шанси и можности што ги имаат нивните врсници од Европската Унија преку доближување на нашето образование до европското, со програми за размена на студенти, бесплатни екскурзии и укинување на таксите за испити.

На крај тој им порача на младите да бидат толерантни едни кон други без разлика на различните определби или интереси, да бидат подготвени и за компромис, но никогаш да не го губат од вид општото добро.

„Сакам да ви порачам да бидете толерантни еден кон друг без разлика на различните  определби или интереси. Младите не смее да се делат заради политика. Младоста е вашата партија. Мора да развивате политичка култура и меѓусебно да се почитувате“ – порача Филипче.

ShareTweetShare
Previous Post

Ванковска и Левица ја почнаа предизборната кампања од Струмица

Next Post

Силјановска Давкова: Во ЕУ само ако станеме нормална држава со почитување и практикување на вредностите

Related Posts

Два часа прекин на електричната енергија во Индустриска зона Василево
Василево

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково

понеделник, 15 септември, 2025 | 13:56
И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist