„Летните горештини, сообраќајниот трауматизам, годишните одмори – сето тоа допринесува во летниот период, резервите на крв да се многу мали, а тие зависат само од желбата на хуманите луѓе да донираат крв“, напиша на социјалните мрежи д-р Дениза Стамболиева од Службата за трансфузиона медицина во Струмица, апелирајќи до сите кои се во можност да даруваат крв утре, (среда, 10 јули) во Трансфузиологија Струмица.
Д-р Стамболиева вели дека потребата, особено за О+ и А+ крвни единици е огромна, како за болните во струмичката Болница, така и за наши граѓани кои се лекуваат во Скопје.
„ОНА ШТО ГО ЧУВАТЕ ЗА СЕБЕ, ГО ГУБИТЕ ЗАСЕКОГАШ, НО ОНА ШТО ГО ДАРУВАТЕ, ВЕЧНО ОСТАНУВА ВАШЕ, ВО ВАШЕТО СРЦЕ“ – напиша д-р Стамболиева.