среда, 10 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Државниот инспекторат за животна средина во инспекциски надзори на АД „Неметали Огражден“ и ИГМ „Еленица“

недела, 3 декември, 2023 | 11:39
in Вести, Струмица
На 6 јуни ќе се врши дезинсекција во Струмица, Босилово и Ново Село, на 7 јуни во Василево

Државниот инспекторат за животна средина информира дека се направени инспекциски надзори во Струмица (А-ИЕД, воздух), во компаниите АД „Неметали Огражден“ и ИГМ „Еленица“.

Во објавеното соопштение на Државниот инспекторат стои:

  1. АД за неметали Огражден ДООЕЛ Струмица 02.12.2023 година и 03.12.2023 година не работи.

Во АД за неметали Огражден ДООЕЛ Струмица извршен е вонреден инспекциски надзор на ден 21.11.2023 година и со Решение ИП1 19.1 – 88 од 24.11.2023 година се задолжени во рок од 20 денови да извршат:

– Мерења на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови што емитираат во воздухот од АД за неметали Огражден ДООЕЛ Струмица од испустите: АА2, АА3, АА4, АА5 и АА6, мерењата да се извршат од акредитирана лабораторија за животна средина.

– Мерења на концентрација на прашина со големина на честичките од 10 µm (РМ 10) што се емитираат во животната средина од АД за неметали Огражден ДООЕЛ Струмица, мерењата да се извршат од акредитирана лабораторија за животна средина и Извештајот да се достави до ДИЖС.

– АД за неметали Огражден ДООЕЛ Струмица од акредитирана лабораторија има извршено последни мерења во месец јули:

– Мерења на концентрација на прашина со големина на честичките од 10 µm (РМ 10) што се емитираат во животната средина, локација: АД за неметали Огражден ДООЕЛ Струмица, доставен е на увид Извештај од испитување бр.134-1/23. Мерењата се извршени на 19-20-21.07.2023 година од акредитирана лабораторија Еуромак – Контрол ДОО Скопје на: Мерно место 1 на влез од објект АД за неметали Огражден и на Мерно место 2 на влез/излез од објект АД за неметали Огражден, резултатите од мерењата извршени согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, цели вредности и долгорочни цели (Сл. Весник на Р.М бр.50/05) и Уредбата за изменување и дополнување на уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за граничните вредности, целни вредности и долгорочни цели (СЛ.Весник на Р.М бр.4/2023), се во дозволени гранични вредности.

– Извештај од тестирање бр.134/23 локација: АД за неметали Огражден Струмица Автоматски Млин. Мерењата се извршени на 19.07.2023 година од акредитирана лабораторија Еуромак – Контрол ДОО Скопје на мерните места: Филтер од сушара (АА2) гориво природен гас, : АА3 – филтер за опрема бр.1, АА4 – филтер за опрема бр.2, АА5 – филтер од млин и АА6 – филтер за опрема бр.3, резултатите од мерењата се извршени согласно Правилник за изменување и дополнување на правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационираните извори во воздухот, се во дозволени гранични вредности.

  1. Асфалтна база СИМ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица и УНИВЕРЗАЛ ГРАДБА ДООЕЛ Струмица лоцирана во Индустрија Сачево Струмица не работи, и истата нема да биде пуштена во работа подолг временски период.
  2. Акционерско друштво индустрија за градежни материјали „Еленица“ Струмица работи со намален капацитет, во викенд денови сабота и недела се врши само одржување на температурата на печката, кон крајот на декември ќе се започне постапка за гасење на печката за што Државниот инспекторат за животна средина писмено ќе биде известен.

Мерења на емиисиите што се испуштат од емитерот/оџакот од тунелската печка во АД ИГМ Еленица Струмица се извршени на ден 24.10.2023 година од страна на акредитирана лабораторија за животна средина ЕУРОМАК КОНТРОЛ ДОО Скопје, доставен е на увид Извештај од тестирање бр.234/23 изготвен од ЕУРОМАК КОНТРОЛ ДОО Скопје. Мерењата и анализата на концентрациите на загадувачки супстанции и цврсти честички (емитер/оџак) кои се емитираат во животната средина при работа на тунелската печка во АД ИГМ Еленица, Струмица се во дозволени гранични вредности согласно Правилник за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационираните извори во воздухот (Сл. Весник на РМ бр.141/10).

Надзорите се извршени од страна на Виша инспекторка за животна средина, Раководител на Одделение за инспекциски надзор во животната средина  -Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларија Струмица, Виолета Панзова.

ShareTweetShare
Previous Post

Млади со попреченост ѕвезди на модната писта – „Убави сме, свои сме“

Next Post

Активисти на Здружението „Размислувај различно“ симболично со средби го одбележаа Денот на лицата со попреченост

Related Posts

Среда и четврток посебен режим на сообраќај кон црквата „Св. Петнаесет“ по повод патрониот празник на Струмица
Вести

Среда и четврток посебен режим на сообраќај кон црквата „Св. Петнаесет“ по повод патрониот празник на Струмица

вторник, 9 декември, 2025 | 16:52
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Уапсен 22-годишен жител на Струмица – физички ја нападнал сопругата

вторник, 9 декември, 2025 | 12:55
„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Вести

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура

понеделник, 8 декември, 2025 | 21:08
Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist