Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов денеска на прес конференција ги објави, како што вели задолжувањата на локалните јавни претпријатија и училиштата.
Интегрален текст од прес конференцијата:
„СДС во Струмица 20 години е локална власт во која буквално ја исцеди општината. Дополнително со двата мандати на национална власт СДС не направи ниту еден значаен проект, туку го уништи стопанскиот и трговски потенцијал на Струмица и регионот.
Нашата јавност треба да знае дека задолжувањата во Струмица ги надминуваат и најлошите претпоставки. Загрижувачка e финансиската слика на струмичките институции:
– Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ има долг од 1.071.600 денари.
– Обврските на ЈП За енергетски дејности „Струмица Гас“ изнесуваат над 3 милиони денари доспеани и 24.655.945 денари недоспеани обврски.
– Претпријатието за комунални дејности „Комуналец“ Струмица има неверојатни 256.360.114 денари доспеани обврски и 10.810.094 денари недоспеани обрврски. Замислете струмички „Комуналец“ должи вкупно 267.170.208 денари.
Средните училишта во Струмица освен што секој ден го губат бројот на ученици трошат повеќе отколку од времето кога имаше илјадници ученици.
– Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ должи 39.418.333 денари.
– СОУ „Никола Карев“ должи 17.233.525 денари.
– Гимназијата „Јане Сандански“ должи 6.296.668 денари недоспеани обврски, и кредит за 2024 година од 4.629.197 денари.
Струмичката јавност веќе има слушнато за оваа катастрофална состојба во јавните претпијатија и училиштата.
Оваа е сосема очекувано ако се знае дека за само за пет години оваа корумпирана власт ја задолжи државата за фантастични 3 милијарди евра и тоа за покривање на дупки во буџетот направени од крадење на народните пари преку сомнителни тендери кои завршуваат во фирми блиски до власта.
Граѓаните на Македонијa никогаш не биле посиромашни, состојбата никогаш не била полоша.
Доста е! Време е да се промени власта. Време е да ги поразиме и да си ги вратиме општината и државата“, кажа Жан Дрвошанов.