Половина час пред затворањето на гласачките места Општинските изборни комисии во струмичкиот регион ги објавија податоците за одѕивот на граѓаните во првиот круг за Претседателските избори.
Во општина Струмица од вкупно запишаните 49.649 граѓани гласале 24.166, односно 48,76%.
Во општина Василево од вкупно запишаните 10.852 граѓани гласале 5338, односно 49,26%.
Во општина Босилово од вкупно запишаните 12.169 граѓани гласале 5262, односно 43,35%.
Во општина Ново Село од вкупно запишаните 10.929 граѓани гласале 4124, односно 37,75%.